„Фејсбук“ денеска се соочи со нови проблеми откако во јавноста се појави интерен допис на еден од извршните директори во кој се заговара френетичен раст на компанијата дури и врз грбот на своите корисници.
Ендрју Босворт, инаку автор на дописот од 2016 година, на своите колеги им ја проследил својата оценка:
– Ние ги поврзуваме луѓето. Точка. Затоа, сė што правиме за да го оправдаме растот, е оправдано – пишува во дописот.
Тој потоа малку го ублажил својот став.
– Тажна е реалноста што толку веруваме во зближувањето на луѓето, па ни се чини дека сė што работиме за да поврземе што поголем број луѓе е добро – појасни Босворт.
Призна, исто така, дека ефектите од поврзувањето на луѓето можат да бидат лоши ако корисниците ги направат негативни.
– Можно е некого тоа да го чини живот ако лицето е изложено на насилници- напиша Босворт.
Во дописот уште се предупредува дека е можно и некој да загине во терористички напад што би бил координиран преку нивната мрежа.
Главниот директор на „Фејсбук“ Марк Закерберг рече дека силно се противи на тој допис, но својот соработник Босворт, чиј прекар е „Боз“, го нарече талентиран лидер кој знае да каже провокативни работи.
– Но, ние никогаш не верувавме дека целта ги оправдува средствата. Поврзувањето на луѓето само по себе не е доволно, Мораме да работиме на нивно зближување – рече Закерберг.
Двајца поранешни вработени во „Фејсбук“ рекоа дека Босворт во компанијата е познат по тоа што е „нетактичен“. Со сета сила ја брани слободата на изразување на Фејсбук.