Стопанска банка АД – Скопје го реализираше и третото издание на „Сонуваме.Менуваме“, настанот кој ја промовира инклузијата на децата со посебни потреби и ја поттикнува емпатијата кај сите нас. По две години успешна реализација на настаните, кампањите и донациите кон асоцијациите на деца со посебни потреби, оваа година, како прв настан со кој Банката почнува да ја слави својата 75-годишнина, „Сонуваме.Менуваме“ прерасна во уште поголем спектакл и доживување кое ќе се памети.
 
На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија приредија едночасовно шоу во кое вклучени беа повеќе деца со посебни потреби кои ја збогатуваа програмата и рамноправно со актерската екипа, гласно и недвосмислено ја промовираа инклузијата. Со оглед на тоа што клучна публика на концертите ни се децата кои целосно веруваат на ликовите од серијата 5+ Фамилија, се надеваме дека пораката од настанот ќе биде одлично прифатена и ќе создадеме општество какво што сонуваме да имаме.

Петте концерти „Сонуваме.Менуваме“ се одржаа викендов во Македонската опера и балет.

Поради хуманитарниот карактер на настанот, во продажба беа пуштени билети по симболична цена од 100 денари и сите овие средства се вклучуваат во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби.

-„Сонуваме.Менуваме“ прерасна во традиција и среќни сме што токму со овој проект почнуваме да ја одбележуваме нашата 75-годишнина. Кога компанијата има богата историја значи дека е вткаена во историјата на државата, на граѓаните и на компаниите и остава траен белег врз општеството. Како општествено одговорна компанија секогаш сме на страната на оние кои не се плашат да го остварат својот сон, даваме поддршка, заедно туркаме напред и создаваме подобар свет за сите. Им посакувам на децата кои учествуваа, но и оние кои ги следеа концертите да работат сложно за посветла иднина, ја имаат нашата поддршка секако – изјави г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.