Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола информира дека почна првата фаза за поднесување барања за субвенции за млеко.
Станува збор за процедура во која може да учествуваат сите млекопроизводители и да добијат субвенции за октомври, ноември и декември 2018 година.
Средствата се обезбедени од програмата за директни плаќања за предадено кравјо, овчо и козјо млеко, а млекопроизводителите од општините Могила и Новаци барањата за субвенции може да ги поднесуваат во неодамна отворените дисперзирани канцеларии во тамошните општини.
Од подрачната единица на МЗШВ во Битола потсетуваат дека рокот за поднесување барања за субвенции за млеко завршува на 15 мај.