Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и малопродажната цена на еуродизел (Д-Е В) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за еден денар/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,008 ден/кг и сега ќе изнесува 34,889 ден/кг.
Од 8 јуни, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 68 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС -98 70 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е В) 60,5 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 60 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,889 (денари/килограм)