Најголемата руска банка „Сбербанк“ очекува до 2022 година штетата за глобалната економија предизвикана од кибер нападите да изнесува од осум до 10 билиони (илјада милијарди) долари, изјави денеска заменик-извршниот директор на банката Станислав Кузњецов на Светскиот економски форум во Давос.
– Штетата за руската економија предизвикана од кибер нападите во 2018 година изнесува 1,3 билиони рубљи (19,6 милијарди долари). Кој е трендот во однос на штетата што кибер нападите ја предизвикуваат на глобалната и руската економија? За жал, предвидуваме нејзин натамошен раст – рече Кузњецов.
Тој додаде дека таа бројка до 2022 година, доколку состојбата не се промени, може да достигне од осум до десет билиони долари.