Премиерот Зоран Заев со почеток во 15.25 часот ќе учествува на отворањето на самитот „Македонија 2025“, кој ќе се пренесува во живо на Националниот телевизиски сервис.
На првиот ден од самитот, на панел сесија на тема „Светот во време на криза: Економски реформи и глобални односи во ЈИЕ“, премиерот Заев ќе дебатира заедно со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, а најавено е и онлајн вклучување на Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во земјава.
Годишниот деветти самит „Македонија 2025“ ќе се одржи во хибриден формат, од денеска до четврток. Повеќе информации за самитот може да погледнете на следниот линк.