Обесштетувањето на лицата кои имаат депозити до 30 илјади евра во Еуростандард банка, кое почна денеска во четири банки, се одвива без застои и без поголеми метежи од вообичаените, објавуваат повеќе медиуми.
Депонентите имаат на располагање 36 месеци за да го остварат правото на обесштетување. Предвидено е да бидат обесштетени депозити во износ од околу 4,4 милијарди денари.
Обесштетувањето се врши преку Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка АД Скопје и Халкбанк. Се јавува мало задржување единствено кај оние кај кои е потребно да се отвори сметка, додека банките очекуваат исплата да се одвива без проблеми и во наредниот период.
Народната банка ја затвори Еуростанадард банка на 12 август поради неисполнување на минимални законски услови за работење.