Еден од најважните елементи за правилно и безбедно функционирање на вашиот автомобил е секако системот за сопирање. Редовната проверка и замената на деловите
кои се вклучени во системот за сопирање ќе ви помогне за уште поголемо уживање во
патувањето и помирни и безбедни денови поминати со вашето возило.
Компанијата Еуроимпекс, повторно спроведува сервисна кампања во траење од
10 јуни до 10 јули 2018 година со промотивна цена и попуст од 15 отсто на сите делови вклучени во системот за сопирање како и на работната рака.
Искористете ја можноста да го проверите вашето возило пред големите патувања
во летниот период бидејќи системот на сопирање е клучен за вашата безбедност, затоа погрижете се за негово правилно функционирање.
Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена
мрежа на Пежо во Македонија.