Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15% во однос на минатата недела.
Така, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за половина денар по литар, а литар дизел и на Екстра лесно масло за домаќинство ќе се продаваат по цена повисока за еден денар.
Малопродажната цена на мазутот, пак, се зголемува за 0,348 ден/кг и сега ќе изнесува 35,237 ден/кг.
Од вечерва по полноќ (15 јуни) цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 68,5 денари/литар
Бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 70,5 денари/литар
Дизел ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В): 61,5 денари/литар
Масло за горење ЕЛ-1: 61 денар/литар
Мазут: 35,237 денари/килограм
Од Регулаторната комисија информираат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,377 %, дизелот за 2,116 %, екстра лесното масло за 2,606 % и кај мазутот зголемувањето е за 1,029 %.
Во истиот период, пак, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,265 %.