Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемува за 1 денар/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 8.3.2021 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг и сега ќе изнесува 36,211 ден/кг.
Од 16.3.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,5 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,5 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 57 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 46,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,211 (денари/килограм)
– Минатата недела цените на двата референтни типа нафта, Брент и американската WТИ, на светските берзи бележат раст како резултат на намалената испорака од сурова нафта од страна на големите произведувачи. Дополнително влијае и факторот на имунизација кој влева оптимизам за враќање во нормала на економскиот живот со што се очекува и оправување на побарувачката од сурова нафта на светскиот пазар во втората половина од оваа година – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.