Жирито на европскиот „Аутобест“ ги објави 6-те финалисти од повеќе од 20 кандидати. Во рамките на овој престижен натпревар Ситроен во финалето учествува со 2 модели, новото Ситроен Берлинго и новиот Ситроен Ц4 Кактус. Oткако постои оваа награда, веќе 18 години, за прв пат се случува еден производител да има 2 модели во финалето. Освојувачот на наградата „Best Buy Car of Europe” за 2019 година ќе биде објавен на 15-ти декември. Воедно, Линда Џексон, извршниот директор на Ситроен доби награда за најдобар врвен менаџер, прва жена во ManBest алејата на славните.
Ситроен Берлинго, најпродаваниот модел на Ситроен во речиси 17 земји во 2017 година, во моментов е најпродаван модел на Ситроен веднаш по Ц3. Во Европа тој е вториот најпродаван модел на повеќенаменски возила и останува во топ три во својот сегмент. Oд лансирањето во 1996 година па сѐ до денес, произведени се повеќе од 3,3 милиони возила. Оваа нова генерација, инспирирана од очекувањата на клиентите, е совршена илустрација на новото мото „Inspired by You”. Новото Ситроен Берлинго со својата просторност и функционалност како и иновативна понуда во смисла на дизајн, прилагодливост и практичност, е идеален избор за луѓето со активен стил на живот.
Со својот уникатен карактер, новиот Ц4 Кактус е ултра комфорен компактен автомобил. Овој нов модел претставува надополнување на првичниот Ц4 Кактус, ставајќи го во нова димензија во однос на технологијата и опциите на моторот, додека продолжува да се издвојува преку својата единственост и удобност. Новиот Ц4 Кактус е дел од Citroën Advanced Comfort® програмата за сеопфатен пристап кон комфорот и нуди беспрекорна удобност во возењето со иновативната технологија за потпирање со Прогресивни хидраулични перничиња (Progressive Hydraulic Cushions™ – PHC), која ги филтрира нерамнините на патот така што имате чувство дека лебдите на летечки килим, а воедно е и првото возило во светот со седишта Advanced comfort.
Жирито составено од 31 член од 31 европска земја, ќе ја донесе својата финална одлука врз основа на 13 критериуми меѓу кои вредност за парите, дизајн, удобност и технологија, како и достапност на услугите за сервис и резервни делови во дистрибутивните мрежи. По групните тестови, кои ќе се одржат на 27 и 28 ноември, возилото кое ќе брои најмногу гласови ќе ја освои оваа престижна награда.
Победникот ќе биде официјално објавен на 15-ти декември.