Од Еуроимпекс ве повикуваат да го запознете одблиску радикалниот нов спортски дизајн на најновиот модел во гамата на Брендот.

Почнувајќи од надворешниот дизајн, Новиот Peugeot 508 отвора нова ера на спортска елеганција. Со ниската каросерија, прецизно нацртани линии, мускулеста компактна фигура и силно истакнат индивидуален стил, новиот Peugeot 508 поседува спортски и иновативeн дух.

Посветено е внимание на секој детаљ, заедно со силуетата и линиите на возилото кои се изработени до перфекција.

Моделот е достапен и на апликациите за закажување на тест возење и побарај понуда на веб страницата на импортерот на следните линкови:

https://peugeot.mk/vozila/test-vozenje

https://peugeot.mk/vozila/pobaraj-ponuda/508

Новиот 508 е достапен во 4 изведби – Active, Allure, GT-Line и GT.

Mоже да се добие со 6-степен мануелен менувач во Active ниво на опременост 1.5 Blue HDi 130 КС или EAT8-степен автоматски менувач кај бензинските мотори со 180 или 225 КС, и кај дизелските мотори со 130, 160 или 180 КС.

Неодоливиот Peugeot 508 GT е достапен само со THP турбо-бензински мотор со 225 КС, или BlueHDi турбодизел со 180 КС.

Од компанијата ве повикуваат да ја превземете контролата на Peugeot i-Cockpit и да ја доживеете најновата интерпретација на агилна и визионерска инструмент табла со компактен управувач, дигитален head-up дисплеј и 10“ HD екран на допир.

Уживајте во удобните седишта со функција за масажа и Hi-Fi FOCAL систем кој дава јасен и пријатен звук и со тоа се зголемува уживањето при возење.