Брендот „пежо“ неуморно и прецизно ја следи својата амбиција, 100 отсто од гамата да има своја електрична верзија. Оваа стратегија на Брендот им овозможува на потенцијалните клиенти да добијат избор повеќе при определување и дефинирање на своите потреби при купување на возило.
Како што најавува брендот „пежо“ „иднината ќе биде се’, само здодевна не.“ Токму затоа компанијата „Еуроимпекс“, генерален узвоник за брендот „пежо“, ќе ги промовира на нашиот пазар сите модели на гамата со избор на 3 мотори. Бензин, дизел или електричен мотор. Со ова им овозможуваат на своите клиенти да бидат чекор понапред и секогаш да целат кон иднината.
Во моментов модел кој може да понуди избор помеѓу 3 типови на мотори е
новиот „пежо“, кој покрај многуте награди и признанија е воедно и добитник на најпрестижната награда „Автомобил на годината во Европа за 2020-та“ Награда која гордо ја носи и докажано му прилега. Имено „пежо“ е единствениот бренд кој бил награден со 3 награди „Европски автомобил на годината“.
Сто отсто електричниот „пежо 208“ ја носи истата внатрешност и истиот надворешен изглед како и оној на внатрешно согорување, разликата е во надворешните детали кои го красат и онака возбудливиот дизајн.
Деталите ќе ги приметите во решетката во боја на каросерија, ознаката „е“ која се наоѓа на страниците на возилото и логото на лавот кое се прелива во сина електрик боја во зависност од аголот.
Корисни информации за 100% електричниот 208:
РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ И КОЧЕЊЕ
Новиот „пежо“ е-208 нуди 3 режими на возење:
– Еко: оптимизирање на автономијата преку редуцирање на одредени опции,
– Нормал: оптимален комфор за дневна употреба,
– Спорт: користење на максималната моќност за максимално искуство при
возењето (забрзување од 0 до 100 километри на час за 8,1 секунди)
И 2 режими на кочење кои овозможуваат надополнување на батеријата за време
на успорувањето:
– Умерено: за многу слично чувство како моторното кочење кај мотор со
внатрешно согорување,
– Зголемено: успорување контролирано преку педалата.
БАТЕРИЈА И ПОЛНЕЊЕ
Новиот пежо e-208 нуди уникатно и возбудливо искуство при возење со
својот 100% електричен мотор, достапен од:
– 100 киловати (136 КС) електричен мотор со 260 њутнметри (достапни од 0 километри на час) за
инстантнa реактивност
– Тивок мотор, без вибрации
– Технолошки приказ на централниот екран (приказ во реално време на
патеката на возење).
Достапни се два вида на инвертори во возилото, за да одговараат на сите намени и сите решенија за полнење на клиентите, со еднофазен полнач од 7,4 киловати како стандарден и опционален трофазен инвертор од 11 киловати.
Начините за полнење се флексибилни и прилагодени на секоја дневна ситуација. Можни се неколку видови на полнење:
Стандарден полнач монофазен за
домашна употреба (8А):
31 час / со батерија од 50 киловат/часа
47 часа / со батерија од 75 киловат/часа
Брз полнач монофазен за домашна
употреба (16A):
15 часа / со батерија од 50 киловат/часа
23 часа / со батерија од 75 киловат/часа
Ѕиден полнач монофазен од 7,4 киловати 7:30 часа / со батерија од 50 киловат/часа
11:20 часа / со батерија од 75 киловат/часа и со еднофазен 7,4 киловати
инвертор.
Ѕиден полнач трофазен од 11 киловати 5 часа / со батерија од 50 киловат/часа
7:30 часа/со батерија од 75 киловат/час и со трофазен 11 киловати
инвертор.
Наменски јавен терминал 30 мин./регулацијата на температурата на батеријата ви
овозможува да користите полначи од 100 киловати и да достигнете
80% полнење за (батерија од 50 киловат/часа) или 45 мин. (75 киловат/часа
батерија).
Животниот век на батеријата кај возилата „пежо“ е со гаранција од 8 години или
изминати 160.000 километри, по чие изминување батеријата ќе има капацитет од 70%.
За време на гаранцискиот период, „пежо“ врши замена на батеријата, во случај
да нема механичко оштетување на истата.
АВТОНОМИЈА
Главни фактори кои можат да влијаат на автономијата:
1. Брзина
При константна брзина од 130 километри на час, автономијата на 100% електричното возило ќе биде двојно помала споредбено со пропишаното според светската постапка за тестирање на лесни возила.
2. Клима уред и греење:
Разликата во опсегот при користење на клима уред/греење може да варира дури
и за 35% помеѓу различни годишни времиња. Климатизација (ладење/греење)
додека возилото е вклучено на полнење, е еден од најефикасните начини да се
зголеми автономијата во зима и лето.
3. Стил на возење, услови на патот и географски терен:
Еко-возењето е значително подобрено кај 100% електричните возила.
Забрзувањето со беспрекорна динамика и рекуперативното кочење, можат да
заштедат и до 15% од вашата автономија.
e-208 домет* во километри
+5 % за умерено
управување,
-10% за динамично
управување
Многу
ладно
(-10°C )
Ладно
(0°C )
Пролетно
(10°C)
Умерено
(20°C)
Топло
(30°C)
Во град (30 км/ч) 205 260 300 350 280
Комбинирано (50 км/ч) 250 300 330 360 315
На пат (80 km/h) 252 280 295 315 290
Автопат (110 км/ч) 195 210 215 220 210
На отворен пат (130 км/ч) 160 165 170 175 170
Нормални услови на користење:
РЕДОВНИ ИНТЕРВЕНЦИИ
Сервис: почетни интервенции 2.500 километри / 3 месеци
Сервис: редовни интервенции Секои 15.000 километри/1 година
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНТЕРВЕНЦИИ
Замена на филтерот во патничката кабина Секои 15.000 километри/ 1 година
Замена на течноста за сопирачки Секои 2 години
Проверка на PH на течноста за ладење 125.000 километри/4 години. Потоа на секои 25.000 километри / 2 години
Проверка на прилагодувањето на предните светла 4 години. Потоа на секои 2 години
Редовните интервенции и сервисни услуги се сведени на минимум и подразбираат
проверка на: предница, подвозје, течности, сигнализација, сопирачки, пневматици и
притисок во пневматици, оптика на фарови, метлици
Како што може да се забележи, современиот клиент би бил ослободен од сите останати
трошоци кои нормално би ги имал доколку користи возило со мотор на внатрешно
согорување.
Од брендот „пежо“ потсетуваат на нивното мото „UNBORING THE FUTURE” кое што
претставува силно ветување кон своите потенцијални клиенти и најавуваат возбудлива,
забавна, безбедна и одговорна иднина, фокусирајќи се на следниве елементи:
технологија, електрификација и автономија.
Овие елементи водат кон „моќта на изборот“ – моност која брендот „пежо“ им ја дава
на своите потенцијални клиенти. Можност да го изберат својот омилен мотор и при тоа
да доживеат целосно различно искуство при возењето.