„Пежо“ брендот повторно ја докажа својата големина. Неуморно и прецизно ја следи својата амбиција, 100 отсто од гамата да има своја електрична верзија. По 100 отсто електричните „пежо e-208“ и „SUV пежо e-2008“, пристигнува и 100 отсто електричниот „пежо е-експерт“.
Брендот чекори смело напред, постојано потенцирајќи дека иднината ќе биде сè само здодевна не. Користејќи го логото #UnboringTheFuture ги информира своите потенцијални клиенти за возбудливиот период кој следи, создавајќи електрични верзии од сите свои модели. Клиентите, кај еден ист модел, имаат можност да избираат помеѓу конвенционални мотори и 100 отсто електрични. Моќта на изборот
е моќта на брендот.
Удобен и практичен за сите услови и работни места, со голем товарен простор, работен простор што го олеснува секојдневниот живот, технологија и робустен дизајн, новиот „пежо е-експерт“ овозможува и неограничен пристап до сите делови во градот, па дури и во центарот каде што е метежот поголем и достапноста по мала.
„Пежо е-експерт“ е совршен пример за чувството на задоволство при можноста за
избор. Клиентите ќе имаат можност да изберат помеѓу:
– 2 нивоа на автономија кои нудат опсег до 330km (WLTP)
– 3 должини
– Максимална носивост до 1275kg,
– Товарниот простор е идентичен со верзијата кај моторите со внатрешно
согорување.
Новиот „пежо е-експерт“ нуди 3 режими на возење:
– Eco (60 kW, 190 Nm): за автономија,
– Normal (80 kW, 210 Nm): оптимално за секојдневна употреба,
– Sport (100 kW, 260 Nm): ги оптимизира перформансите при транспорт на
тежок товар.
Со тоа ќе им овозможат на клиентите да изберат возило што одговара на нивните дневни потреби за возење, при што поголемиот дел од деловните професионалци патуваат помалку од 200km на ден. Новиот „пежо е-експерт“ е првото електрично пежо возило кое нуди можност за 2 нивоа на автономија, капацитетот на литиум-jонските батерии е 50 kWh и 75 kWh.
Верзиите (Compact, Standard и Long) достапни со батеријата со капацитет од 50 kWh овозможуваат опсег до 230km според WLTP Верзиите Standard и Long исто така можат да бидат опремени со батерија од 75 kWh со капацитет до 330km, WLTP.
Поврзаноста на грејачот во патничкиот простор со термичката регулација на батеријата овозможува брзо полнење, оптимизиран опсег и зголемен работен век.
Достапни се два вида на инвертори во возилото, за да одговараат на сите намени и сите решенија за полнење на клиентите, со еднофазен полнач од 7,4 kW како стандарден и опционален трофазен инвертор од 11 kW.
Начините за полнење се флексибилни и прилагодени на секоја дневна ситуација. Можни се неколку видови на полнење:
– Стандарден полнач (8А): 31 час / со батерија од 50 kWh, 47 часа / со батерија од 75kWh
– Брз полнач (16A): 15 часа / со батерија од 50 kWh 23 часа / со батерија од 75kWh
– Ѕиден полнач од 11 kW: 5 часа / со батерија од 50 kWh, 7:30 часа / со батерија од 75kWh и со трифазен 11 kW инвертор. 7:30 часа / со батерија од 75kWh и со трифазен 11 kW инвертор.
Наменски јавен терминал: 30 мин. / регулацијата на температурата на батеријата ви овозможува да користите полначи од 100 kW и да достигнете 80% полнење за (батерија од 50 kWh) или 45 мин. (75 kWh батерија).
Животниот век на батеријата кај пежо возила е со гаранција од осум години или изминати 160.000km, по чие изминување батеријата ќе има капацитет од 70 отсто. За време на гаранцискиот период, Peugeot врши замена на батеријата, во случај да нема механичко оштетување на истата.
Новиот „пежо е-Експерт“ ќе биде достапен за продажба од декември 2020 година и ќе го носи неспорниот успех на гамата „Пежо Експерт“ од неговото лансирање во 2016 година, со повеќе од 195.000 единици продадени на глобално ниво. Исто така, ќе го зајакне лидерството на пежо на пазарот за LCV гамата во Европа и ќе додаде уште еден електрифициран модел во гамата пежо, заедно со „е-Боксер“, „е-208“, „е-2008“, „3008 хибрид“, „508 хибрид“ и „508 SW хибрид“. „Пежо“ брендот има амбиција да ја електрифицира 100 отсто LCV гамата до 2021 година.