Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски попладнево на својот фејсбук профил соопшти дека лозарите можат да ги подигнат дополнителните два денара субвенции за килограм предадено грозје во регистриран преработувачки капацитет.
Како што наведува Николовски, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по овој основ исплати вкупно 104,7 милиони денари.
– Денеска може да си ги подигнете парите за дополнителните субвенции од два денара за килограм предадено грозје во регистриран преработувачки капацитет. Продолжуваме со истото темпо, навремена и неселективна исплата на субвенциите тогаш кога Ви се најпотребни, стои на фејсбук профилот на министерот Николовски.