Пред салонот „М-Кар“ доделивме уште еден автомобил „бмвХ1“ од инстант лозот Мини и Макси.

Среќниот добитник на кој денес ги предадовме клучевите од прекрасниот автомобил е Небојша Стошиќ од Скопје. Имено, Небојша е верен играч на Лото 7, вели дека не поминува коло без да ги уплати своите среќни броеви, но исто така секогаш купува инстант лозови каде што главната премија е автомобил.

Овојпат, купил повеќе лозови од продажното место „Саде – С“ во Скопје кој ги изгребал после неколку дена. Еден од неколкуте лоза му ја донел главната премија од Мини и Макси и атрактивниот „бмвX1“.

Небојша вели дека е пресреќен за добивката и иако одамна посакувал нов автомобил,
тој не очекувал дека ќе биде добитник на еден од 15 автомобили кои ги нуди инстант
лозот Мини и Макси.

На сите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија им посака да бидат упорни и да
веруваат во среќата затоа што ќе ги изненади кога најмалку очекуваат.

Инстант лозот мини и Макси нуди 5 автомобили МИНИ Оне и 10 автомобили „бмвX1“,
како и многу парични добивки. Не пропуштајте ја шансата за МИНИ инвестиција и
МАКСИ добивка со овој инстант лоз.