Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата во врска со назначувањето на националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ – Скопје за оператор на организираниот пазар на електрична енергија.
По предлог на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Владата ја донесе одлуката за назначување на операторот на пазарот на електрична енергија за оператор на организираниот пазар на електрична енергија, се наведува во соопштението од владината седница.