Европејците на туристички патувања годишно трошат 428 милијарди евра, најмногу Германците – 120 милијарди, Французите – 71 милијарда и Британците – 61 милијарда.
Најмногу пари за одмор по жител, пак, трошат граѓаните на Луксембург, по 768 евра за туристички патувања, потоа Малта по 646 евра и Австрија по 607 евра, покажуваат податоците на „Еуростат“.
Најмалку пари за одмор од семејниот буџет одвојуваат Литванците, само 107 евра, потоа Романците 125 евра и граѓаните на Чешка 129 евра.
Македонците не отстапуваат многу во однос на државите од регионот. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, Македонците трошат дневно по 20 евра за годишен одмор, кој во просек трае 11 дена. Интересен е податокот дека 75 отсто од Македонците не биле на одмор, а од оние 25 отсто што одат на одмор, 60 отсто патуваат во странство.
Повеќе од Македонците за туристички патувања трошат Грците (316 евра) и Хрватите (224 евра), а помалку Словенците (213 евра) и Бугарите (157 евра).