Целосно електричниот „Јагуар ај-пејс“ (Jaguar I-PACE) доби тројна историска награда на Светските автомобилски награди за 2019 година.

Не само што ги освои посакуваните титули за „светски автомобил на годината“ и „светски дизајн на годината“, едначејќи се со успехот на „Еф-пејс“ во 2017 година, туку беше именуван и за „зелен автомобил на годината“.

Целосно електричниот СУВ на „Јагуар“ е првото возило што некогаш победило во три категории во иста година. Последната победа Ај-пејс ја доби на меѓунардниот саем за автомобили во Њујорк, „Њујорк интернешнл ауто шоу“ (New York International Auto Show), доделена од жири составено од 86 стручни новинари од 24 земји во светот, по само неколку недели откако ја освои титулата европски автомобил на годината, со што го потврди својот статус како најпосакувано премиум електрично возило во светот.

– Голема чест е што „Јагуар ај-пејс“ ги доби овие три признанија од престижната жири-
комисија за автомобили во светот. Ние почнавме со еден идеал, да се движиме кон нашата визија „дестинација нула“ – нула емисии, нула несреќи и нула метеж. Наградите на ај-пејс се признание кое нашето прво електрично возило го заслужуваше – изјави проф. д-р Ралф Спет, генерален директор на „Јагуар ленд ровер“.

Дизајниран и развиен во Велика Британија, „ај-пејс“ постојано привлекува нови потрошувачи кон брендот „Јагуар“. До денес, преку 11.000 потрошувачи во над 60 земји од целиот свет ја добиле својата нарачка. Неговата комбинација на перформанси како спортско возило, нулта емисија на издувни гасови, исклучителна префинетост и вистински СУВ практично прават „ај-пејс“ да се издвојува во својата област.

– Електричните возила им нудат на дизајнерите невидена слобода да ги обмислат
пропорциите, профилот и обликот и е можност што мојот тим го искористи во целост.
Вистинско признание за нивната работа беа токму овие освоени награди – изјави Иан
Калум, дизајн-директор на „Јагуар“.

Моделот доби и оцена од пет ѕвезди за безбедност според „Евро НЦАП“. „Ај-пејс“ има добиено вкупно 62 награди откако беше презентиран и откриен пред малку повеќе од една година.

Дознајте повеќе за моделот „ај-пејс“ на следниот линк или посетете го овластениот
увозник – „Аутомобили гроуп“ на ул. „Скупи бр. 8“, 1000 Скопје.