Централната банка на Иран официјално ја забрани употребата на криптовалутите при финансиските трансакции, јавуваат иранските медиуми.
Ваквиот потег е со цел да се спречат кривични дела како перење пари и тероризам.
Забраната, според пишувањето на весникот „Донија-е екстесад“ се однесува на сите монетарни и финансиски центри во земјата, вклучувајќи ги и банките, финансиските институции и менувачниците, пренесува агенцијата АП.