Целата индустрија бележи пад од 62 отсто и бараме помош цела година, беше истакнато на протестот на организаторите на настани пред Владата, кои со гласна музика и со свирење од автомобили се обидоа да укажат на нивните проблеми.
– Ние бараме грантови. Уште во јануари поднесовме точен план за тоа како би требале да помогнат, пред да го објават петтиот пакет мерки – порача Маја Бабиќ, претседателка на Асоцијацијата на ивент индустријата.
Учесниците на протестот се револтирани и по информациите дека за две недели ќе биде објавен тендер за организирање на настани, бидејќи се свесни дека нема да има работа за сите.
Од индустријата за организирање на настани се заканија дека секојдневно ќе го блокираат булеварот пред владата, доколку нема брз одговор на нивните барања.