Криптовалутата биткоин е на речиси најниско ниво во однос изминатите два месеца, додека доужкоин забележа скок за една 20 отсто по твитовите на извршниот директор на „Тесла“ Илон Маск, пренесува „Ројтерс“.
Пазарите и вредностите на биткоините со месеци се „водат“ според твитовите на Маск откако неговиот интерес во доужкоин поттикна голема голем бран на поддршка за претходно игнорираната криптовалута. Истовремено купувањето на биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари од страна на „Тесла“ во февруари, доведе до зголемувањето на вредноста на таа криптовалута на преку 50 илјади долари истиот месец.
Маск сепак, со изненадувачката промена на ставот, му нанесе удар на биткоинот откако објави дека „Тесла“ веќе не ја прифаќа оваа криптовалута како платежно средство поради загриженост за животнат средина. Инвеститорите во криптовалутите сега се дополнително загрижени поради влијанието на Маск врз цените на криптовалутите.
– Тесла привлекува внимание поради наклонетоста на Маск кон биткоинот. Ако Тесла одлучи да го поддржи доужкоинот, тогаш регулаторите ќе го насочат потполното внимание кон Маск – вели аналитичарот Едвард Моја.
Биткоин забележа пад од речиси 15 отсто и неговата вредност неделава изнесува 49.804 долари. Доужкоин, пак, забележа пад на вредноста од една третина од минатиот петок, откако Маск го спомна во учеството во емисијата „Саботна вечер во живо“, за потоа да скокне за 20 отсто по последните коментари на милијардерот за неговата вклученост за подобрување на ефикасноста на криптовалутата, и покрај тоа што не е потполно јасно на што точно мислел.