Европската комисија(ЕК) соопшти дека го казнила Мастеркард со 570,6 милиони евра (648,3 милиони долари) за ограничување на можноста на трговците да имаат полза од подобрите услови што ги нудат банките во другите земји во Европската унија.
– Преку спречувањето на трговците да пазаруваат по подобри услови што ги нудат банките во другите земји-членки, со правилата Мастеркард вештачки ги зголемил трошоците за исплата на картички, и со тоа им наштетил на потрошувачите и трговците на мало во ЕУ – нагласи европскиот комесар за конкурентност, Маргрет Вестагер, во соопштението.
Комисијата му ја намали казната на Mастеркард за 10 отсто поради соработка во истрагата.