Македонските компании, заедно со компаниите од Западен Балкан, ќе користат искуства од Австрија за дигитализација и дуално образование со цел да станат поконкуретни на глобалните пазари. Ова ќе им биде овозможено преку воспоставената соработка во рамки на Коморскиот инвестициски форум.
Од Стопанската комора на Македонија велат дека не може да се очекуваат значајни резултати за кратко време, но оти е важно да се работи на развивање на свеста кај компаниите за неопходноста од воведување на дигитализацијата во нивното работење.
– Не можеме да очекуваме дека за кратко време ќе бидат постигнати многу значајни резултати. Она што е важно е да го фатиме трендот на овие процеси и да се почне да се работи на развивање на свеста на компаниите дека е неоходно да се спроведува процесот на дигитална трансформација за да ја одржат својата конкуретност на глобалните пазари – рече Татјана Штерјова од Стопанската комора на Македонија на денешната редовна прес-конференција.
Генералната оценка, како што посочи Штерјова, е дека не само македонската економија, туку и економијата на останатите држави од Западен Балкан во голема мера заостанува зад европските и светските трендови во оваа област.