Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, половина од својата плата ја донира за формирање солидарен фонд кој ќе има за цел да им помогне на вработените во домашните фирми, пред сè микро и мали, за да ги ублажат последиците од кризата поради коронавирусот.
Како што вели Деспотовски, со овој потег го дава својот личен граѓански придонес во рамки на иницијативата #ПридонесиИти.
– Апелирам до други поединци и мои колеги кои се надевам ќе се приклучат со придонес во рамки на своите можности кон оваа или други иницијативи – напиша тој на Фејсбук.
Деспотовски воедно изрази благодарност до компаниите од семејството на Фондот за иновации и технолошки развој за досега покажаната висока свест и општествена одговорност преку нивно приклучување кон апелот на ФИТР.