Брендот Peugeot доби две нови награди на 34-тиот Меѓународен фестивал за автомобили што се одржа на 29 јануари 2019 година во хотелот Des Invalides во Париз.
Новиот Peugeot 508 ја освои наградата Grand Prix за најубав автомобил за 2018 година, а Peugeot e-Legend Concept ја доби наградата Grand Prix за најубав концепт автомобил на годината.
Овие две награди им беа врачени на Жан-Филип Импарато како извршен директор на брендот Peugeot и Жил Видал како директор за дизајн.
Новиот Peugeot 508 ја доби наградата со повеќе од 34% од гласовите. Оваа радикална лимузина е нарачана во повеќе од 10.000 примероци во Европа уште од самото лансирање во октомври 2018 година и тоа пред јавното претставување кое беше во март 2018 година во Женева.
Peugeot e-Legend Concept ја освои наградата за „Најубав концепт на автмобил за 2018 година“. Членовите на жирито кои се екперти и ентузијасти од различни сектори како: автомобилизам, архитектура, мода и дизајн беа воодушевени од овој концепт, кој всушност ја претставува возбудливата визија за иднината на 100% автономен, електричен, поврзан и прилагодлив автомобил кој е во согласност со стандардите на Брендот Peugeot.
Секоја година Меѓународниот фестивал за автомобили ги наградува најатрактивните дизајни на автомобили. Архитектот Жан-Мишел Вилмот и модниот дизајнер Шантал Томас го предводеа жирито кое беше составено од експерти од секторите за автомобилизам, мода, култура и дизајн.