Фирмите од градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 28.891.889.000 денари, од кои 10.579.144.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во текот на 2017 година се градени вкупно 2.191 објект, а завршени се вкупно 2.822 станови со вкупна површина од 178.758 метри квадратни од кои 2.764 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 63,3 метри квадратни.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Југозападниот, Источниот…
Податоците на Државниот завод за статистика за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија, пак, покажуваат дека во 2017 година индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 10.906.130.000 денари. Тие во текот на 2017 година граделе 2.308 објекти и завршиле 2.800 станови со вкупна површина од 322 487 метри квадратни, од кои 108 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 12.527 метри квадратни.
Просечната корисна површина на завршените станови е 115.2 метри квадратни. Изградените станови во индивидуална режија претежно се во Скопскиот регион, по кој следат Полошкиот, Југозападниот…