Земјите кои се водечки произведувачи на нафта постигнаа договор за намалување на глобалното производство за речиси 10 проценти, како одговор на пандемијата на коронавирус, пренесе Би-би-си.
Цената на нафтата оваа година значајно падна поради кризата со пандемијата.
Во преговорите беа вклучени Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), Русија, САД и Мексико. На тие преговори било договорено глобално намалување од околу 9,7 милиони барели нафта секој ден од 1 мај.
Тоа исто така би можело да значи крај на ценовната војна меѓу Саудиска Арабија и Русија.