Градежната компанија „Бортас“ и оваа година е дел од Саемот за градежништво и недвижности, кој се одржува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 24 до 28 октомври 2018 година.

Покрај специјалните саемски поволности што ги добивате при купување стан или деловен простор за време на саемот, ќе имате можност детално да се запознаете со сите нови проекти и промоции кои ги нуди компанијата.

За време на саемот ќе можете да се информирате за новиот проект на компанијата наменет за сите млади и нови претприемачи кои се во потрага по сопствен деловен простор. Со проектот за поддршка на сите микро, мали и средни претпријатија, секој претприемач кој сака да купи деловен простор ќе може истото да го стори со користење грејс-период од 6 месеци.

Проектот ги опфаќа сите физички и правни лица, а особено се издвоени социјалните претприемачи, за кои важат посебни услови и поволности.

-За сите претприемачи кои својот бизнис го развиваат во насока на социјално одговорен бизнис и преку своето работење вршат позитивно влијание врз општествената заедница, а со тоа се активно вклучени во развојот на социјалната економија во земјата, нудиме значително пониски цени за метар квадратен, а за новоотворените социјално одговорни компании, грејс- период од цели 12 месеци- велат од Бортас.

За оние, пак, коишто се во потрага по нов дом, „Riverview Residence“ – новиот објект на компанијата Бортас, претставува одличен пример за урбан, функционален, енергетски ефикасен и квалитетен дом опкружен со природа. Поставен на самиот кеј на реката Вардар, со непречен поглед кон Градскиот парк и Водно, „Riverview Residence“ е идеален избор за секој оној што сака да живее во мирна и урбана средина, на само 3 километри од центарот на градот, а сепак изолиранод градскиот метеж.

„Бортас“ со своето 28-годишно постоење на пазарот, отсекогаш ги поставувала и подобрувала стандардите на квалитетното живеење.

Изведбата според европски стандарди, врвните материјали и подобриот квалитет на живот ви се гарантирани при купувањетодом изграден од „Бортас“, етаблирана компанија со успешна приказна веќе 28 години!

За сите дополнителни информации, понуди и поволности годинашниот Саем за градежништво, тимот на „Бортас“ ве очекува во Хала 2 во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.