Денес во просториите на Регионалната комора во Кичево, презентација на модели на кредитирање имаше „Шпаркасе банка“. Во презентацијата зедоа учество регионалниот директор на „Шпаркасе банка“, Флорин Идризи, раководителката на експозитурата во Кичево, Јованка Лазороска, презентација за кредити за правни лица и банкарски гаранции имаше Игор Ристевски, додека Ловре Ристески ги презентираше можностите за еко кредити.

– „Шпаркасе банка“ десет години е присутна на македонскиот пазар и токму претходната година прослави убав јубилеј. Денеска сме тука во Регионалната комора во Кичево, да се дружиме и да се видиме со бизнисмените од овој регион, а целта на состанокот е запознавање со продуктите на „Шпаркасе банка“. Зборуваме со бизнисмените за повеќе работи, од основните потреби на фирмите па се до пообемни соработки. Ние како „Шпаркасе банка“ нудиме поопширна лепеза на производи како за правни лица така и за физички лица. Денеска со нашите клиенти и потенцијални нови клиенти дискутираме за можната соработка, што ние како банка нудиме секакви услуги, почнувајќи од трансакциски сметки за физички лица, па се до кредити за правни лица. Во последно време еко-инвестициите се во тренд и „Шпаркасе банка“ има посебна линија за еко кредитирање и тоа е многу прифатлив продукт за самите клиенти и добро е што тоа се развива во пообемна и поширока форма – рече Фљорим Идризи, регионален директор на „Шпаркасе банка“ АД Македонија.

Презентацијата беше заокружена со прашања што беа поставени од присутните стопанственици од градот, на кои одговараа презентерите присутни денес во Кичево.

З.А.