Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,5 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 2.11.2020 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) не се менува, односно останува на исто ниво од 49,5 ден/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,365 ден/кг и ќе изнесува 26,196 ден/кг.
Од 10.11.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 58,5 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 60,5 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 49,5 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,196 (денари/килограм)