И денеска од 10 часот тутунарите го блокираат патот од Прилеп кон Скопје кај Заполшки мост во знак на револт од ниската откупна цена на тутунот. Блокадата ќе трае до 16 часот.
Тутунарите велат дека засега единствена можност за прекин на блокадите има ако се постигне договор на утрешната средба во Прилеп меѓу тутунарите, откупувачите и министерот за земјоделство Хоџа.
И додека дел тутунари протестираат, дел го предаваат тутунот.
Од Тутунскиот комбинат велат дека непречено се одвива откупот. Дневно од кооперантите преземале по 50 тони тутун, според утврдената динамика, а просечната цена изнесувала 180 денари .
Од 23 илјади тони колку што тежи годинашниов род досега се откупени милион и 250 илјади килограми. Ка.М.