Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс екс“, Илон Маск, не само што во моментов е најбогатиот човек во светот, туку сега има пари колку што имаат заедно милијардерите Бил Гејтс и Ворен Бафет. Богатството на Маск сега изнесува 236 милијарди долари, според податоците на „Блумберг“.
Гејтс е на четвртото место со 130 милијарди долари, а Бафет е на десеттото место со 103 милијарди долари. И Гејтс и Бафет претходно беа на врвот на листата најбогати луѓе во светот.
Маск во јануари првпат го престигна основачот на „Амазон“, Џеф Безос, и стана најбогатиот човек. Безос сега е на второто место со богатство од 197 милијарди долари.
Маск оваа година додаде повеќе од 60 милијарди долари на своето богатство благодарение на силните резултати на акциите на „Тесла“, како и неодамнешната продажба на акции во „Спејс Икс“.