Винарниците ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти вчера претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари“, Дане Јошев, пренесувајќи ги информациите од средбата со министерот за земјоделство Арјанит Хоџа и претставниците на другите земјоделски здруженија.
Јошев очекува наредната недела да се одржи нова средба, на која ќе се разговара за откупната цена.
– Бараме постигнатата цена да биде заштитена со закон и да нема можност одделни винарници да манипулираат со цените. Бараме исто така засилени инспекциски контроли за да нема крадење на вагите и при мерењето на шеќерноста, како и прогласување елементарна непогода поради сушата – истакна Јошев на прес-конференција. К.П.