Се јави антизападниот агент Никола Груевски, им напиша команди на неговите пиони, Мицкоски и Бачев против Македонија, реагираат од владејачката СДСМ на објавата на Фејсбук на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој ги повика пратениците од мнозинството да размислат за своите одлуки.
– Кукавицата Никола Груевски, шефот на Мицкоски, Бачев и Иванов, дели наредби по социјалните мрежи, во очајни обиди да направи некаква штета на напредокот на земјата, на приближувањето кон ЕУ и НАТО. Не останаа луѓе што ќе ги слушаат антимакедонските команди на Груевски.Командантот на насилствата и сценариото на 27-ми април бадијала се залажува, за граѓаните тој одамна е завршена приказна, дел од црното, темно минато кого го чека соочување со правдата – се вели во реакцијата на СДСМ.
Од владејачката партија порачуваат дека Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО.