Продукциската куќа „Сони пикчрс“ го најави вториот дел од приказната за антихеројот на Марвел, Веном, со речиси истиот тим.
Насловната улога повторно ќе ја толкува Том Харди, а се очекува нему да му се придружи и Мишел Вилијамс.
Познато е и дека сценаристката Кели Расел ќе го работи и сценариото и ќе го продуцира вториот дел. Датумот на премиерата сѐ уште не е утврден.
„Веном“, чија премиера беше лани, досега заработи 885 милиони долари.