КОШАРКА
- Во претходните седум сезони славеа Торонто, ЛА лејкерс, Милвоки, Голден стејт, Денвер, Бостон и Оклахома. Годинава во финалето на НБА-лигата ќе се сретнат Сан Антонио и Њујорк, чиј прв меч е утре рано изутрина
Серијата натпревари за титулата во кошаркарската НБА-лига почнува утре рано изутрина (2.30 часот, во Сан Антонио), во која Сан Антонио се стреми да се врати на врвот на кошарката шести пат, а Њујорк игра за својата прва титула по 53 години, пишува НБА. Тоа ќе биде и реприза на натпреварот за трофејот во НБА-купот за сезонава, освоен од Њујорк.
Без разлика кој ќе стане шампион годинава, тоа ќе биде осмата различна франшиза што ќе ја освои НБА-титулата во претходните осум сезони, продолжувајќи го најдолгиот таков период во историјата на лигата, пишува НБА-лигата.
Така, серијата ја почна Торонто, кој ја освои титулата во 2019 година, а потоа следуваа Лос Анџелес лејкерс во 2020 година, Милвоки во 2021 г., Голден стејт во 2022 г., Денвер во 2023 г., Бостон во 2024 година и Оклахома минатата година.
Победата на Сан Антонио во Оклахома во саботата, пак, значеше и тоа дека нема да има бранител на титулата во финалето на кошаркарската НБА-лига откако Голден стејт победи во 2018 година и потоа играше во натпреварите за трофејот во 2019 година, пишува НБА.
Н.М.

































