Деновиве излезе од печат новиот број на алтернативното истанбулско списание „Ентернасионал“, во кое по покана со свои текстови е застапен македонскиот писател Александар Прокопиев. Тој со своја проза од дневнични фрагменти преведени на турски, заедно со уште неколку балкански автори, учествува во блокот инспириран од дневниците на големиот италијански писател Чезаре Павезе.
Прозата на Прокопиев често се објавува во Турција, неговата наградувана книга „Човечулец“, во издание на познатото книгоиздателство „Пинхан“ доживеа срдечна рецепција кај турската публика и критика. Наскоро се очекува издавање на негова нова книга.