Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска предупреди дека на ОН им се заканува „непосреден финансиски колапс“ поради долговите и буџетските правила дека организацијата мора да ги врати непотрошените средства.
– Кризата се продлабочува, спроведувањето на програмата е загрозено и постои ризик од финансиски колапс. А ситуацијата ќе се влоши уште повеќе во блиска иднина – истакна Гутереш во писмото испратено на 28 јануари до амбасадорите.
Финансиската криза ја загрозува меѓународната организација, која се состои од 193 земји-членки од целиот свет, бидејќи најголемиот донатор – САД го намалија доброволното финансирање на агенциите на ОН.
САД одбија да вршат задолжителни плаќања во редовниот буџет на ОН, како и во мировниот буџет на организацијата.
– Или сите земји-членки ги почитуваат своите обврски за целосно и навремено плаќање, или земјите-членки мора фундаментално да ги ревидираат нашите финансиски правила за да спречат неизбежен финансиски колапс – наведе Гутереш.
Според него, ОН до јули може да остане без средства.
































