Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја најавува студентската изложба со наслов „Збирка“, која ќе биде отворена вечерва во галеријата ФЛУ, објект Педагошка, во периодот од 19 до 23 часот. Изложбата ќе претстави избор на дела од студенти на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики, Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики, Катедрата за графика и трансмедиумски практики, како и од Катедрата за педагогија при Факултетот за ликовни уметности, од сите четири години на студии.
Преку дела реализирани во различни ликовни медиуми, вклучувајќи сликарство, скулптура и графика, изложбата ги прикажува актуелната продукција на студентите и нивните разновидни тематски и авторски пристапи.
Настанот ќе биде збогатен со музичка селекција со што ќе се создаде дополнителен амбиент за посетителите.
































