Фото: Пиксабеј

Медицински совет

Чаевите, како вистинска билна инфузија, може да придонесат за подобра регулација на шеќерот во крвта и забрзување на метаболизмот. Иако чаевите не се замена за здрава исхрана и медицинска терапија, тие може да бидат вреден додаток во секојдневните навики.
Зелениот чај е познат по високата содржина на катехини и полифеноли, кои помагаат во забрзување на метаболизмот и согорување на мастите. Редовното консумирање зелен чај може да придонесе за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, а истовремено го зајакнува имунитетот и го намалува оксидативниот стрес.
Чајот од цимет прави природна регулација на шеќерот. Циметот е зачин што се користи со векови во традиционалната медицина. Чајот од цимет може да придонесе за подобра чувствителност на инсулин, што помага во одржување на стабилно ниво на гликоза во крвта. Освен тоа, овој пијалак има пријатен вкус и грее. Тој го загрева организмот, па е особено популарен во поладните месеци.
Чајот од ѓумбир го забрзува метаболизмот. Ѓумбирот е познат по своето антиинфламаторно дејство и способноста да го поттикнува варењето. Чајот од ѓумбир го забрзува метаболизмот, ја подобрува циркулацијата и придонесува за подобра контрола на шеќерот во крвта. Покрај тоа, тој помага при надуеност и го зајакнува имунитетот.