Фото: Пиксабеј

Под влијание на висок воздушен притисок во текот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и релативно топло, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР посочуваат дека во претпладневните и вечерните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и температурата ќе остане пониска.

Времето денеска ќе биде облачно со повремен локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 9 до 13 степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време, претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.