Пари Сен Жермен ќе игра во финалето на фудбалскиот Куп на Франција, а најзаслужен за тоа е Килијан Мбапе кој постигна два гола синоќа во триумфот над Каен со 3:1.
Со оглед на тоа што противник во финалето на ПСЖ ќе му биде нисколигашот Ле Ербје, „светците“ на овој дуел ќе влезат како голем фаворит.
ПСЖ веќе ја обезбеди шампионската титула во Лига 1, па освојување и на куп трофејот ќе значи „дупла круна“ за тимот предводен од Унаи Емери.