Фото: Пиксабеј

Градежна механизација при изведување на ископ оштети две доводни цевки на водоводот кој го снабдува Гостивар и околните населби.

Од ЈП „Комуналец, претпријатието кое управува со водоводниот систем информираат дека станува збор за голем дефект и не можат да кажат кога ќе се нормализира водоснабдувањето. Првично, станува оштетување на збор за едната главна цевка со дијаметар 500 мм и уште една помошна со 200 мм кои носат вода од изворот на Вардар до корисниците.

– Како резултат на оштетување на главниот цевковод на водоводната мрежа во Гостивар, предизвикано од ископи од страна на механизацијата на Бехтел & Енка, изведувачот на автопатот Коридор 8, без претходно известување, настана оштетување на главната цевка, поради што ќе има привремен прекин на водоснабдувањето на целата територија на градот Гостивар – стои во соопштението на ЈП „Комуналец“.

Оттаму велат дека нивни техничките екипи се на терен и работат на санација на оштетувањето. Од ЈП „Комуналец“ препорачуваат водата која сè уште ја има во системот да не се користи за пиење, бидејќи нема потврда за нејзината безбедност и бактериолошка и физичко хемиска состав