Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретнат во рок од две недели, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, повикувајќи се на телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА.

– Американскиот претседател разговараше по телефон со рускиот претседател. Тие се согласија дека ќе има средба меѓу рускиот и украинскиот лидер во наредните две недели – рече Мерц пред новинарите.

Тој додаде дека останува неизвесно дали Путин ќе има храброст да учествува на ваква средба и нагласи дека ќе биде потребно убедување.

Мерц, кој беше дел од европската делегација на разговорите во Вашингтон со Трамп и Зеленски, истакна дека Украина не смее да биде притискана да отстапува територии.

– Барањето на Русија Украина да предаде делови од Донбас е исто како САД да мораат да се откажат од Флорида – порача германскиот канцелар.