Фото: З.А.

Традицијата што траеше со децении, пред големиот верски празник Курбан Бајрам да се купи бакарна тепсија за да се прават баклава и други слатки, речиси целосно згасна во кичевско. И оние што беа традиционалисти и секогаш во очи на овој празник купуваа бакарни тепсии сега не ни помислуваат дека ќе можат да го дочекаат овој празник и без толку важното помагало.

– Традицијата пред големиот верски празник Курбан Бајрам да се купи бакарна теписја последните 10-15 години речиси целосно згасна. Ниту некој прашува, а уште помалку купува бакарна тепсија, а тоа се рефлектира врз обемот на работа и намалените приходи на мојот дуќан. Во повеќе наврати сме разговарале со верниците за овој нов тренд, а тие истакнуваат дека во последнио време семејствата пред овој празник купуваат алуминиумски тепсии, а во уште поголем број купуваат готови слатки, без притоа дома да се ангажираат околу нивната изработка. Побарувачката е слаба, што се одразува и врз нашиот приход – вели Галиманоски, последниот кичевски казанџија.

Инаку неговите зборови и визуелно се потврдуваат со зголеменото присуство на верниците во слаткарниците, каде во поголеми количини се снабдуваат со баклава, шеќерпаре и други слатки работи со кои се служат гостите.