Фото Фејсбук

Стихови за херојот

Со срце на огнот канџи
му скрати,
волшебна љубов ти подари
сила
и дар со восхит на сите
им прати,
во утро црно виделина
внесе и песна за добрина
испиша красна.

На гостинка црна,
несакана, злобна
без страв со презир
ѝ погледна в очи
и почна вистина света
да се точи:
кога на други себе ќе се дадеш
кон небото леташ, до сонцето растеш.

Мајките среќни во возбуда
силна ги прегрнаа нежно
најмилите свои
и благодарни видоа
слика милна.
На небото птици
распеано јато,
нивните чеда
– скапоцено злато.

Птиците сонце мило
ќе ги гали,
денот убавее,
виножито зрачи
Го победи злото,
тагата ја смали,
на животот ширум
му отвори врати
името твое спомен
ќе го злати.

Перо Миленкоски