НБА и европски фудбалски клубови во преговори за поддршка на нова кошаркарска лига
Националната кошаркарска асоцијација (НБА) е во преговори со некои од врвните европски фудбалски клубови за поддршка на тимови во новата кошаркарска лига во Европа, во она што може да биде значаен меѓународен напор за проширување на спортската лига од САД, пишува агенцијата „Ројтерс“.
– На состанокот на бордот на гувернери на НБА-лигата ќе биде поднесен извештај за истражувањето на новата машка кошаркарска лига во Европа во партнерство со ФИБА – изјави портпаролот на НБА, пренесе „Ројтерс“.
Сопствениците на НБА ги разгледуваат плановите неделава според кои би можеле да бидат лансирани околу осум франшизи низ Европа, објави „Блумберг“. Новите франшизи би можеле да се продадат за почетна цена од околу 500 милиони долари секоја. Г.И.
НБА
Дресот на Џордан во дебитантската претсезона продаден за 4,215 милиони
долари
Дресот со бројот 23 со автограм, кој Мајкл Џордан го носеше на претсезонски натпревар за време на неговата дебитантска година, беше продаден за 4,215 милиони долари на аукција што беше затворена во средата. „Сотби“ го наведе како единствениот дрес за дебитант дресот на Џордан носен во меч што јавно се појавил на аукција. „Сотби“ рече дека приватен колекционер ја дал најголемата понуда, како што пренесе НБА од „Асошиејтед прес“ (АП). „Меигреј“ изјави дека верува дека ова е првиот дрес што Џордан го носел додека играл во НБА. Била испитувана видеоснимка од првиот меч на Џордан во НБА-лигата додека работеле со фирмата за форензичка анализа „Провен дата“. Тој прв претсезонски натпревар се одржа на 5 октомври 1984 година. ЕСПН објави дека ова е петтиот најскап НБА-дрес досега продаден на аукција. Два од четирите дреса што донесоа повисоки цени исто така ги носеше Џордан. Г.И.
ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ ЗА ЖЕНИ
Арсенал осми пат, а Лион рекорден 14-ти пат е во полуфиналето
Арсенал – Лион е првата полуфинална двојка во Лигата на шампионите за фудбалерки. Во реваншите од четврт-финалето, Арсенал дома го победи Реал Мадрид со 3-0, вкупно по двата натпревара со 3-2, а Лион вторпат го совлада Баерн, овој пат со 4-1 дома, а вкупно со 6-1. Синоќа се играа реваншите меѓу Челси и Манчестер сити (во првиот меч Манчестер сити победи со 2-0) и меѓу Барселона и Волфсбург (прв натпревар 4-1 за Барселона).
Во дуелот во Лондон тоа беше само вторпат еден клуб да дополни негатива од два гола по првиот натпревар во четврт-финале, а Арсенал го оствари и првиот, против Торес, во сезоната 2004/2005 (по поразот со 0-2 на гости победи дома со 4-1), пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Арсенал се пласира во осмото полуфинале во Лигата на шампионите, израмнувајќи се со Франкфурт и со Волфсбург и само зад Лион, кој има 14. На мечот во Лондон имаше 22.517 гледачи, што е рекорд за четврт-финале во ЛШ во Англија, пишува УЕФА. Н.М.
ФУДБАЛ
Аргентина се надева дека Меси ќе игра на СП 2026
Откако Аргентина обезбеди место на Светското првенство (СП) в година во САД, Мексико и во Канада, главното прашање сега е дали 37-годишната фудбалска ѕвезда Лионел Меси ќе игра на својот шести мундијал и ќе се обиде да освои две шампионски титули во низа, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
– Мора да одиме натпревар по натпревар, во спротивно ќе зборуваме за истото тоа во остатокот од годината и треба да го оставиме на мира, ќе видиме. Тој ќе одлучи кога сака – рече селекторот на Аргентина, Лионел Скалони.
Во вторникот, неколку часа откако Аргентина се пласира на следното Светско првенство, Аргентина го победи Бразил со 4-1, неколку дена по победата на Аргентина против Уругвај, со 1-0. Двете победи беа остварени без Меси. Осумкратниот освојувач на „златната топка“ беше надвор од теренот поради повреда. Меси, кој беше капитен на Аргентина при освојувањето на титулата на Светското првенство во 2022 година во Катар, неколкупати беше надвор од теренот за мечеви на Интер Мајами сезонава поради повреда.
По големата победа во вторникот, играчот од средниот ред Родриго де Пол се чинеше дека зборуваше за целата земја, пишува АП.
– Најдоброто од нашите тимови е секогаш кога игра бројот 10, бидејќи тој е најдобриот на сите времиња – рече Де Пол, пренесе АП. Н.М.