Според студија од 2019 година, алицинот може да ги спречи ефектите на хормонот што влијае на крвниот притисок. Кај лицата со хипертензија е забележано намалување на систолниот притисок од околу осум единици и дијастолниот притисок од околу пет единици при консумирање доволни количества од ова соединение
Лукот одамна е познат како суперхрана поради големиот број здравствени придобивки, а кога го користиме во форма на прав, тој сè уште ги задржува тие својства. Клучната состојка што му дава специфичен мирис и вкус се нарекува алицин. Оваа моќна состојка, според многу истражувања, може позитивно да влијае на високиот крвен притисок. Тоа значи дека секогаш кога користите свеж лук, внесувате и алицин. Добрата вест е што и лукот во прав ја содржи оваа состојка, па со секој прстофат или лажиче од овој зачин внесувате одредено количество алицин во вашето тело.
Како лукот во прав влијае на крвниот притисок?
Според студија од 2019 година, алицинот може да ги спречи ефектите на хормонот што влијае на крвниот притисок. Кај лицата со хипертензија е забележано намалување на систолниот притисок од околу осум единици и дијастолниот притисок од околу пет единици при консумирање доволни количества од ова соединение.
Покрај алицинот, лукот содржи и други хранливи материи со противвоспалително дејство, што дополнително може да придонесе за намалување на крвниот притисок. Сепак, како што предупредува нутриционистката Кристина Петерсон, повременото консумирање лук не е доволно за значајни резултати.
Ефектите обично се забележуваат само кога се консумираат поголеми дози на лук во прав во форма на додатоци во исхраната.
Слично размислува и кардиологот Ашиш Сараџу од Клиниката во Кливленд, кој нагласува дека лукот може да придонесе за намалување на крвниот притисок, но сѐ уште нема доволно научни докази за да се препорача лукот како терапевтски додаток. Сепак, тој верува дека лукот е одличен додаток во исхраната, особено како дел од исхраната здрава за срцето.
Како да ги искористите придобивките од лукот за крвниот притисок?
Ако сакате да го тестирате лукот во прав како природна поддршка за здравјето на срцето, имајте на ум дека начинот на кој го консумирате може да влијае на неговата ефикасност. Лукот во прав брзо се распаѓа во стомакот, што значи дека телото можеби нема да може да апсорбира доволно алицин пред да се деградира.
Подобра опција може да бидат таблетите од лук со ентерично обложување. Според студијата објавена во списанието „Нутриција“ во 2018 година, таблетите со заштитен слој ја издржуваат киселата средина на желудникот и овозможуваат подобра апсорпција на алицин. Од друга страна, обичните таблети и капсули без таква обвивка брзо се распаѓаат, намалувајќи ја ефикасноста на алицинот.
Значи, ако сакате да го користите лукот за здравјето на срцето, слободно додајте го во вашите оброци, но ако сте насочени кон специфичните придобивки од намалувањето на крвниот притисок, можеби е подобро да барате додаток со заштитна обвивка за вашето тело да може да го апсорбира максимумот од моќните состојки.