За време на големата операција против членовите на мафијата во областа Палермо, уапсени се 181 лице, меѓу кои и водачи и изнудувачи од различни мафијашки групи, јавува Танјуг. Истрагата ја водеа карабинерите, а ја координираа обвинителот Маурисио де Лусија и заменик-обвинителката Марсија Сабела, пренесе Анса.
Операцијата откри обид на Коза Ностра да ја обнови својата регионална структура и да ја зголеми својата моќ.
Во операцијата учествуваа 1.200 карабинери, поддржани од хеликоптери и специјализирани сили.
Уапсените лица се соочуваат со обвиненија за мафијашко здружување, изнуда, трговија со дрога и други кривични дела.